Романската нуклеарка Чернавода почна со затворање на својот втор реактор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Романската нуклеарна централа Чернавода утрово започна со процесот на контролирано исклучување на вториот реактор поради континуирано и значително намалување на нивото на водата во Дунав, а се очекува електраната да престане да снабдува електрична енергија со националниот електроенергетски систем околу 11 часот по локално време, објави компанијата „Нуклеарелектрика“.

„Одлуката за контролирано исклучување на втората единица е донесена поради континуираниот и значителен пад на нивото на Дунав“, се вели во соопштението на компанијата доставено до Букурешката берза, пренесува Digi24.

Се додава дека исклучувањето на втората единица се спроведува во согласност со пропишаните процедури, со строго следење на безбедносните маргини, опремата и прогнозата на Романскиот национален институт за хидрологија и управување со води за наредните денови.