Вакцината ја очекува целиот свет и тоа е инструментот кој ќе ја промени целата слика и пандемијата да спласне, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Ние аплициравме во неколку механизми, преку ковакс механизмот во петок имаме закажано состанок со претставниците, за да ни кажат кога точно ќе пристигнат во февруари и колкава количина ќе пристигна во земјава“, вели министерот за здравствено Венко Филипче во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
Додава дека во крајна фаза се и преговорите со Фајзер, а според најавите и тие вакцини треба да пристигнат во месец февруари.
Филипче додава дека целосно земјава е подготвена за пример на вакцини и почеток на процесот за имунизација.
