Филипче во самоизолација: Продолжуваме со координација за справување со кризата, министерството продолжува да информира за состојбата со коронавирусот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Венко Филипче замина во домашна изолација, откако вчера присуствуваше на седница на Кризниот штаб во Куманово и имаше средба со градоначалникот Максим Димитриевски, кој денеска обелодени дека е позитивен на коронавирусот.

„Ние го имавме предвид и се подготвуваме и за ова сценарио. Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а јас и од изолација останувам во редовна комуникација со комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжувам да ги координирам сите процеси во справување со кризата.

Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а прес-конференциите ќе ги правиме преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во однос на информирањето.“, напиша Филипче на својот профил на „Фејсбук“.