Филипче за набавката на вакцини: Сега од „Фајзер“ имаат некои дополнителни барања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прашан за вакцината против КОВИД-19 на „Фајзер, министерот Венко Филипче појасни дека од наша страна на 30 декември лани имало остварено комуникација, а тие, како што рече, ни потврдија дека земјата ги исполнува условите да се потпише договорот и од тогаш траат сите разговори коишто бараат одредени измени, некои информации во делот на усогласување, така како што тие бараат со цел да се внесе вакцината во нашата земја. 

-Сега имаат и некои дополнителни барања пред два дена. Ние од наша страна го потпишавме договорот и го вративме, меѓутоа се уште не е вратен назад. Сега има некое дополнително барање коешто стигна пред три дена, а се однесува на обесштетување за евентуално нескани ефекти од вакцината.  И тука има некои специфични барања, интензивно разговаравме и во текот на изминативе два дена и денеска.  Утрово ги чекаме повратните информации од „Фајзер“. И самите се свесни и укажаа дека навистина долго време траат овие разговори со нив и јас верувам дека конечно ќе се финализираат, појасни Филипче.

Тој додаде дека „ние од наша страна го потпишавме договорот и го вративме, меѓутоа се уште не е вратен назад“, вели Филипче, пренесува МИА.

Македонија досега доби мал број на вакцини со кои започна имунизацијата на здравствените работници. Земјава доби вакцини „Фајзер“ од Србија и 3.000 вакцини од рускиот производител „Спутник В“. За бавниот процес на вакцинација има бројни критики во јавноста.

Филипче исто така потврди дека првите вакцини кои ќе стигнат преку КОВАКС системот ќе бидат од АстраЗенека, и дека тој ќе се вакцинира со таа вакцина, за која има многу реакции од европските земји, а некои држави како Германија, Данска, Австрија, Бугарија ја сопреа вакцинацијата со оваа вакцина.