Во последните неколку денови, од ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат сериозни критики кон министерот Венко Филипче. Тој на прес-конференцијата денеска во Влада ги демантираше тие напади.
„Тоа се класични лажни вести и создавање на лажна слика за која не знаеме што зборуваме. Тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што немаат сериозни аргументи да дискутираат. Јас не очекувам ништо друго од нив освен лажни вести и обвинувања. Таква опција нема да се врати и смешни се обвинувањата“, истакна Филипче.
