Министерот Венко Филипче на утринскиот редовен состанок со директорите на ковид центрите, заклучи дека притисокот е значително намален, но и натаму апелира на претпазливост.
„На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите разговаравме за состојбата низ болниците во текот на изминатиот викенд. Значително е намален притисокот за потребни хоспитализации во однос на она што беше пред околу две недели. Одредени одделенија се растеретуваат од обврските за прием на ковид пациенти и се враќаат во нормала. И покрај тоа што епидемиолошката состојба и состојбата низ болниците се стабилизира, треба исклучително претпазливо да се постапува во деновите кои следуваат. Апелирам за понатамошно почитување на мерките, со примена на апсолутна дисциплина како би се спречило понатамошно ширење на вирусот.“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите разговаравме за состојбата низ болниците во текот на…
Posted by Венко Филипче on Monday, April 26, 2021
