Поради сомнение дека утрово пукал на автомобил во движење, полицијата во српскиот град Бор го уапсила 33-годишниот М.М. кој се товари за предизвикување општа опасност.
Пресметката се случила во раните утрински часови кога две возила најпрво се бркале по улиците, а потоа дошло до пукотници.
Во автомобилот во кој бил М.М. била пронајдена чаура, но не и оружје. Осомничениот негирал дека пукал, поради што му е земена и парафинска ракавица.
Неофицијално на оваа пукотница најпрво претходела физичка пресметка меѓу двете страни.
