Возач во алкохолизирана состојба во рускиот град Санкт Петербург, се обидел да и побегне на полицијата, но на крајот успеал да се преврти со автомобилот во заштитната ограда која го сопрела да влезе во реката Мојка.
Целата бркотница во вториот по големина град во Русија, изгледала како на акционен филм, а крајниот епилог бил „фатен“ на безбедносна камера.
Пијаниот возач во обидот да избега од полицијата, се упатил кон еден мост, но на крајот се покажа дека обидот по пешачкиот мост е лоша идеја. Со возилото се превртел и застанал на самиот брег.
Полицијата веднаш го привела возачот, а сите се чудат како успеал да го преживее овој инцидент.
