Три универзитети и Македонското биолошко здружение се добитници на проектот за отворање истражувачки лаборатории, креирање и иновации- Мејкерспејс. Станува збор за Тетовскиот универзитет, УЈИЕ, Универзитетот Гоце Делчев во Штип и граѓанското здружение “Македонско биолошко здружение“ од Скопје.
Овие лаборатории на младите ќе им овозможат пристап до напредни технологии преку кои ќе можат да го материјализираат замисленото. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили вели дека целта е младите да го развиваат својот потенцијал во градењето кариера.
-Со отворањето на овие 4 лаборатории ние им даваме можност на младите ентузијасти да ги подобрат своите вештини и потенцијал, да учествуваат директно во научни истражувања и да влијаат во развојот на нивната кариера и нашето општество. Со ваквите активности ние придонесуваме во подигање на Хеликс систем за четири пати, вклучувајќи академии, граѓанскиот сектор, приватниот сектор и јавниот сектор-рече Халили.
Ректорот на УЈИЕ, Абдуљменаф Беџети вели дека оваа лабораторија многу корисна за студентите.
-Во овој правец, мислам дека лабораторијата ќе се посвети на практична работа на студентите, ќе биде многукратно корисна, не само за студентите туку и за бизнис заедницата, но и за компаниите со кои имаме многу развиени релации-изјави Беџети.
И ректорот на ТУ, Куштрим Ахмети вели дека лабораторијата ќе ја искористат за научни истражувања во сајбер безбедноста.
-Ова е исклучителна подготовка, многу добра можност и за научни истражувања имајќи предвид дека токму еден од предизвиците со кои се соочува нашето општество е сајбер безбедноста но и криминалот што се случува во дигиталната област-изјави Ахмети.
Инаку лабораториите Мејкерспејс се прилагодуваат на потребите на научо-технолошките сектори или индустриските. Особено поддржуваат проекти со интердисциплинарен каракетр и подразбираат меѓусекторска соработка меѓу институциите од високото образование.
