Физичка пресметка меѓу вработени во ЈСП?! – Работел како шофер, но овинува дека шефот му се одмаздува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Меџит Идризи. Работел како шофер во ЈСП Скопје, а сега работи како курир во ова претпријатие. Кога работел како шофер, преживеал несреќа при што има проблеми со рбетниот столб и десната нога. Вели дека има лекарска документација дека во моментот кога има болки треба да седи и да одмара додека да му помине болката, но за тоа, како што вели, неговите претпоставени немаат разбирање.

„Морам да одмарам бидејќи многу ме боли ногата. Во тие моменти ќе го спомнам со име и презиме, Ештреф Исени и Тасевски Никола кога ме видоа дека одмарам веднаш ги пуштија своите информатори и кажаа дека Меџит Идризи одмара и дојдоа и ми велат зошто одмараш, зошто седиш тука? Затоа имам голем притисок од Ештреф“, посочи Меџит Идризи.

Ова интервју за ТВ21 Меџити го даде денеска наутро. Неколку часа откако ТВ21 го контактираше Ешреф Исени кого Идризи го обвини за мобинг, во 11 43 часот Меџити ја информираше ТВ21 дека е повикан од раководителот на секторот, Иле Ѓеорѓиевски  на службена средба, а во канцеларијата бил и Ештреф Исени. Во 11:51, Идризи ја извести ТВ21 дека во текот на разговорот во канцеларијата бил нападнат од Ешреф Исени поради тоа што се жалел во медиумите за мобинг, а брзата помош го пренела во Градска Болница.

„Кога ме викна ми рече зошто си дал изјава за ТВ21. Ештреф рече – лажеш, му реков не лажам и немам работа со тебе, имам работа со директорот бидејќи тој ме викна, не ти. Во тие моменти му реков, знаете вие директоре колку пати тој ми пречи и ме нарекува мајмун. Рече да, рече си мајмун и станав и излегов. Му реков, не јас, ти си мајмун. Излезе надвор и влезе внатре, кога сакаше да влезе внатре не сакав да го пуштам, ја држев вратата со нога. Тогаш тој ја отвори вратата со сила ме фати за палто, ми удри бокс по грб и ми удри клоца по десната нога и јас паднав на глава. Тој избега од работното место“, посочи Меџит Идризи.

ТВ21 контактираше уште еднаш со Ешреф Исени, за да ја слушнеме и неговата страна од приказната. Тој вели дека не го нападнал Идризи.

„Не го ни допрев ниту сум го видел некаде, го викна директорот. Сам се фрлил низ ходникот, почна да плаче, викна Брза помош и полиција“, додаде Ештреф Исени.

Од ЈСП велат дека немаат детали за случајот, но ќе известат во текот на следните денови.

Случајот го потврдија од МВР, но без да дадат детални информации поради тоа што, како што велат, се работи на расветлување на случајот.