ФК Шкупи го повлекува дресот 77, кој го носеше Лазаров

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалскиот клуб Шкупи го повлекува дресот на Андреј Лазаров, фудбалер кој животот го загуби во страшната несреќа во дискотеката во Кочани.

Како што велат, тие ќе продолжат да даваат плата според договорот кој што го имал со клубот.

„ФК Шкупи донесе одлука да го повлече од употреба бројот 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот.

Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи.

Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки донесени од раководството се мал знак на почит за оддавање чест на неговото сеќавање“, велат од Шкупи.