ФК Шкупи ја објави страшната вест. Андреј Лазаров, нивниот фудбалер е меѓу починатите во трагедијата во Кочани. Иако првично објави дека не е во животна опасност, сепак, стигна страшната вест.
Лазаров почина на 25 годишна возраст. Играше и за младинската селекција на Македонија, а во својата кариера настапуваше за Работнички, Тиквеш, потоа замина во Рудеш, па во Горица, а од септември 2024 година се сели во Шкупи.
„Иако однапред имавме информации од неговото семејство дека е добро, со длабока болка и голема тага, соопштуваме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е потврден меѓу настраданите во трагичниот пожар што ноќта се случи во Кочани.
Како херојската душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да побегнат од околината зафатена во оган. Тој беше отруен од чад за време на неговите напори да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последен момент. Неговата херојска акција секогаш ќе остане во нашето сеќавање како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце.
Ова е огромна загуба за нашиот клуб, соиграчите и целата фудбалска јавност. Зборовите не се доволни за да се опише болката што ја чувствуваме во овие моменти, во оваа една од најголемите трагедии во историјата што го зафати нашиот клуб!
ФК Скопје изразува најискрено сочувство до неговото семејство, роднините и целото големо семејство на нашиот клуб.
Адреј беше дел од Скопје само шест месеци, но неговото име секогаш ќе остане неизбришливо како дел од нашиот тим. Споменот за него секогаш ќе остане незаборавен во нашите срца!“, стои во соопштението на Шкупи.
