Флорида се „нуди“ за организатор на Олимпииските игри, доколку Токио се откаже

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за финансии на Флорида, испратил понуда до Меѓународниот олимписки комитет да ги организира Олимписките игри оваа година, наместо Токио, во случај Токио да се откаже од организација.

Секретарот за финансии на Флорида, Џими Патронис, пратил писмо оваа недела до МОК каде што истакнал желба и можности неговата држава да ја превземе организацијата на ОИ.

Писмото кое е објавено на 25. јануари, може да се виде на официјалната страница на министерството за финансии.

Член на владата на Флорида апелира МОК да ја разгледа можноста да ја „смени организацијата“ на ОИ во САД, а како аргумент наведува тоа што има солидна програма на вакцинација, што економијата почнува да работи нормално, и што има спортски настани како НБА.