Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска му честиташе на центристот Франсоа Бајро за именувањето за премиер на Франција, велејќи дека ја има „Европа во срцето“.
„Ајде сите заедно да работиме за посилна и поконкурентна Европа која има средства да се брани“, напиша Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа Х.
Новоименуваниот француски премиер денеска изјави дека сака „помирување“ меѓу Французите, но ќе се соочи со огромниот предизвик за решавање на големата политичка криза што ја зафати земјата по распуштањето на парламентот во јуни.
Бајро е шестиот премиер од првиот претседателски мандат на Емануел Макрон во 2017 година, а четврти во текот на оваа година.
Франција со децении не беше соочена со ваква нестабилност на извршната власт.
