ФОТО: Бали сено за коњот на Филип Втори на плоштадот Магнолија во Битола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Празничната атмосфера во Битола денеска беше надополнета со три бали сено на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Фото: Апла.мк

Битолчани беа изненадени за балите сено поставени на плоштадот, на кои имаше и панделки, па се шегуваа дека се поставени за коњот на Филип Втори кој се наоѓа на плоштадот. Пред споменикот сено беше оставено и пред некоја година за време на „Шарената револуција“.

Споменикот на Филип Втори качен на коњ беше поставен на 26 јуни 2011 година во раните утрински часови.