Сопственичката се изненади откако нејзината бела мачка се врати од прошетка покриена со траги од розов кармин.
Фотографијата од миленичето е објавена на Редит од корисник по име Ариване.

Таа изјавила дека поседува три мачки, кои сакаат да поминуваат време на отворено. За жал, таа не откри кој е тајниот обожавател на нејзината бела мачка.
„Мачката одеднаш се појави покриена со траги од кармин и не знаевме што се случило. Отидовме да го провериме дворот и најдовме дупка во оградата, низ која очигледно залутала во соседството”, објасни Ариване за Newsweek, додавајќи дека всушност била среќна што нејзината мачка толку многу воодушевила некого што тој ја испобакнал.
