Вицепремиерот Бујар Османи го посети екс-претседателот на Собранието, Талат Џафери на Инфективната клиника во Скопје, каде е хоспитализиран од петокот.
Џафери заврши на Инфективна откако имал симптоми кои би можеле да укажуваат дека кај него е присутен вирусот Ковид-19, но по направени тестови тој е негативен на истите.
Од неговиот кабинет во Собранието, вчера информираа дека неговата состојба е стабилна.
На објавената фотографија се наоѓа и докторот Неџати Јакупи кој е поранешен пратеник и министер од ДУИ.
