Вкупно седум пожари на отворен простор се евидентирани до 13:00 часот, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според извештајот, пет пожари сè уште се активни – во општините Гостивар, Ранковце, Кратово, Битола и Старо Нагоричане, пренесува ТВ21.
Под контрола се ставени два пожара, и тоа во Виница и Неготино.
Пожарите зафатиле претежно ниска вегетација, грмушки, мешана шума, стрништа и површини со отпад.
Надлежните служби продолжуваат со мониторинг и интервенции на терен за локализирање на пожарите и спречување на нивното понатамошно ширење, додека надлежните институции апелираат до граѓаните на зголемена претпазливост поради високите температури и зголемениот ризик од појава на пожари.
