По завршување на протестите, демонстрантите најавија дека ќе останат пред Собранието цела ноќ
Тие поставија и шатори.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ повика на протести утре во 12:00, додека пак Левица од 12:30 часот.

Инаку, утре на собраниска седница, пратениците ќе расправаат за францускиот предлог.

Пред почетокот на оваа собраниска седница, ќе се обрати и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
