(ФОТО) Лука и другарка му се вратија во скопската зоолошка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Попладнево мајмунчето Лука и неговата другарка беа вратени во скопската Зоолошка градина.

Имено, мајмунчето престојуваше во зоолошката градина во Битола, но откако по социјалните мрежи се појавија фотографии на кои можеа да се видат условите во истото е сместено, од скопската зоолошка одлучија да го вратат кај нив.