Откако авионот со македонската фудбалска репрезентација беше пренасочен за слетување во Приштина, медиумите и владините служби се преселија на ГП Блаце.
Тука поставена е говорница на која ќе се обратат дел од репрезентативците, како и претставниците на Владата.

Се очекува да пристигне премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Македонија вчера ја победи Грузија, со што обезбеди пласман за прв пат на Европско првенство.
ТВ21 во живо ќе го пренесува пречекот на репрезентацијата.
