Како што веќе објави ТВ21 во македонски автомобил се запленети околу 12 килограми хероин и уапсени се две лица на граничниот премин Кула.
На царинскиот премин Кула, била извршена контрола на возило марка „Хјундаи“ со регистарски таблици на Северна Македонија, со кое управувал А.А. (28) од Скопје, а на совозачкото место се наоѓала И.С. (23), исто така, од Скопје.
Со полициската акција е пресечен шверцерски канал, преку кој од правец на Северна Македонија, хероин од Косово, преку територијата на Црна Гора, се пренесувал кон земјите од Западна Европа. Се претпоставува дека во конкретниот случај дрогата била наменета за Италија.
