ФОТО: Снимале низ шпански град за ажурирање на Google Maps, па фатиле убиец на дело

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Камерата на Google Street View сними вознемирувачка сцена во шпанската провинција Сорија. Снимката доведе до апсење на 48-годишен маж. Тој е обвинет за убиство.

Инцидентот се случил во октомври 2023 година, кога автомобил опремен со камери од 360 степени случајно возел низ град. На видеото, кое е направено со цел да се ажурира Google Maps, може да се види како маж става голем предмет обвиткан во бела вреќа во багажникот на својот бордо автомобил.

Според лондонскиот Тајмс, полицијата верува дека осомничениот всушност го ставал телото на 32-годишниот Хорхе Луис Перез во автомобилот , чии останки подоцна биле пронајдени распарчени на гробишта во блискиот град Андалуз.

Снимките од Google Street View станаа клучен доказ во истрагата, а мажот беше уапсен со жена за која се верува дека е поранешна партнерка на жртвата. Иако не беше веднаш јасно што точно ја навело полицијата да верува дека има тело во багажникот, снимката покрена сериозни сомнежи. Телото на Перез подоцна беше пронајдено „во напредна фаза на распаѓање“.

Останатите останки биле пронајдени дури откако полицијата започнала потемелна истрага врз основа на информациите добиени од видеото.

На видеото осомничениот се препознава по облеката: носел фармерки, сина јакна со логото на фудбалскиот клуб Депортиво Нумансија и кафени чизми. Полицијата верува дека деталите од камерата биле клучни за поврзување на осомничениот со кривичното дело.