ФОТО: ТВ21 на терен, гласаат лицата во изолација и позитивни на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипи на ТВ21 во моментов се наоѓаат на терен, од каде известуваат за тоа како се одвива првото гласање на предвремените парламентарни избори под посебно утврден здравствен протокол.

Денеска во Македонија гласаат лица позитивни на коронавирус или во самоизолација во рамки на предвремените парламентарни избори в среда на 15 јули.

Право на глас денеска, два дена пред изборите, имаат 716 лица кои се пријавиле во ДИК. Тие гласаат во своите домови.