ФОТО: Вакви пораки со предупредување добиваат граѓаните по шумскиот пожар во Касандра, Халкидики

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчката Цивилна заштита издаде предупредување за екстремна опасност поради шумски пожар во областа Касандра, во регионалната единица Халкидики.

Предупредувањето е испратено денеска во 14:40 часот, со апел до граѓаните и туристите да бидат особено внимателни, да останат информирани и да ги следат инструкциите на надлежните служби.

Од властите се упатува и апел за почитување на мерките за самозаштита поради опасноста од брзо ширење на огнот.