ФОТО+ВИДЕО: И полициски хеликоптер во Батинци, се трага по убијците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ТВ21 е во Батинци, каде утрово се случи убиство, при што е убиен 34-годишник, а неговиот брат 31 година се бори за живот на Клинички центар.

ТВ21 забележа и полициски хеликоптер кој го надлетува регионот, и трага по убијците.

Според информациите, убиените биле во џип Форд со италијански таблици, а во нив пукале две лица од возило Мерцедес, кои биле маскирани и веднаш се дале во бегство кон село Драчевица.