ФОТО: Во Собранието пристигна барањето од СДСМ за свикување на итна седница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

До Собранието доставено е барање за свикувaње на итна седница од страна на СДСМ, потврдуваат за ТВ21 од кабинетот на Талат Џафери.

Од таму бараат на дневен ред да бидат ставени две точки:

  • Потврдување на одлуката за прогласување на вонредна состојба на целата територија на Република Северна Македонија од страна на Претседателот на Републиката донесена на 18.03.2020.
  • Потврдување на одлуката за прогласување на вонредна состојба на целата територија на Република Северна Македонија од страна на Претседателот на Републиката донесена на 16.04.2020.

Собранието, како што стои во барањето „има особена должност и обврска во остварувањето на надзорот и контролата над Владата во вонредна состојба“.

-Имено, со Уставот, при непостоење на дополнително законско ограничување или регулирање на вонредната состојба, е оставен широк простор за постапување на Владата во вонредна состојба преку донесување уредби со законска сила со цел заштита на јавното здравје, а кои воедно задираат и ограничуваат уставно загарантирани права и слободи на граѓаните. Оттука, Собранието не смее да биде лишено или спречено да ја остварува својата уставна надлежност и должност да врши надзор и политичка контрола, се наведува во барањето.

Ова се пратениците кои се потпишаа на иницијативата за свикување на итна седница:

Собранието на Република Северна Македонија се самораспушти на 16 февруари поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април,  но тие беа одложени поради ширењето на коронавирусот.