ФОТО Во Струмица спасени 60 лица од домот за стари, први фотографии по страшниот пожар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вчера во 23.30 часот ТППЕ Струмица, со 2 ПП возила и 7 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена просторија за перење и сушење на алишта во дом за стари лица во с.Банско.

Пожарот имал тенденција да се рашири по околните простории и катови, при што речиси сите катови беа зачадени.

Од противпожарната бригада на Струмица велат дека веднаш по пристигнувањето е лоциран пожарот и е спречено натамошно ширење на истиот и брзо потоа прецизно и целосно изгаснат.

„Изразуваме голема благодарност до екипи на МВР Струмица кои во моментот на избувнувањето на пожарот биле во друга задача во близина на домот и несебично и храбро интервенирале и помогнале во евакуацијата на околу 60 стари и изнемоштени лица, со што со сигурност спасиле голем број човечки животи.

При интервенцијата еден пожарникар-спасител е полесно повреден (посекотини на раката).

Сите штитеници во домот се добри и без повреди.

Причините за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени“, порачаа од таму.