Фотографија од авион предизвика бурни реакции: Се повеќе коментари, луѓето се шокирани, а забележувате ли зошто?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ентони Томас, готвач од Вашингтон, објави фотографија од авион на Саутвест ерлајнс и предизвика врева на мрежите.

Ентони сакаше да ја сними необичната сцена, бидејќи колку пати можеш да леташ во празен авион?!

До него имало уште тројца патници и членови на екипажот.

Но, што го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи? Ќе ви дадеме секунда повторно да ја погледнете фотографијата и да го откриете „проблемот“.

Дали забележувате?

Ентони не можеше да поверува дека од еден куп празни седишта, еден од патниците решил да седне – веднаш зад него.

„Замислете да имате луксуз да се качите на ваков лет. Од сите седишта, погледнете каде реши да седне“, напиша тој.

Фотографијата предизвика жестока дискусија, а повеќето останаа запрепастени од одлуката на непознат маж, пренесува Daily Mail.

„Не е важно пријателе. Спуштете го потпирачот до крај. Тој е виновен“, напиша едно лице.

Друг продолжи: „Исто како кога луѓето паркираат до вас, а имаат многу слободни места“.

Многумина истакнуваат дека веднаш би станале и би барале друго место, а вие како би реагирале? Пишете ни во коментари.