Фраксипарин и Клексан нема во аптеките – Филипче негира дека има недостиг на лекови, тие се продаваат на интернет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фраксипарин и Клексан се двата лека кои се користат за третирање на заразените со Ковид-19, но истите не можат да се најдат низ аптеките. Прашавме во неколку аптеки во Скопје, од ни рекоа дека има недостиг на овие лекови.

ТВ21: Добар ден, имате ли фраксипарин?
-Не, немаме.

ТВ21: Добар ден, имате ли Клексан?
-Не, немаме речиси две недели.

Но, министерот за здравство, Венко Филипче негира дека има недостиг на лековите. Како што објаснува, факт е дека годинава потрошувачката е тројно зголемена во однос на претходните години, но, уверува дека набавувачите се трудат да ги обезбедат бараните количини.

Првиот човек на здравство вели дека во текот на следната недела, дополнителни количини на клексан ќе бидат дистрибуирани во клиничките аптеки во Скопје, уверувајќи дека има доволна количина на лекови за аптеките и другите болници во земјата.

Сепак, во изминатите денови на социјалните мрежи  може да се забележи дека има продажба, но и купување пред се на Клексан.