Франција направи велосипедска патека долга 420 километри од Париз до Атлантикот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После отворените 50 километри велосипедска патека за време на карантинот, Париз сега направи патека за велосипеди долга 420 километри.

Велосипедската патека го поврзува главниот француски град со Атлантикот, а се протега долж реката Сена.

Париз сега е поврзан со Нормандија со велосипедска патека која беше отворена на 15 октомври. Патеката „Ла Сен а вело“ минува низ осум француски департмани, завршувајќи во градовите Авр и Довиј. Велосипедистите имаат можност да уживаат во убавините на земјата.

Париз и Франција многу вложи во велосипедски патеки за време на коронавирусот. Главниот француски град покрај 50-те километри, планира да вложи во велосипедски патеки во блиска иднина, односно да го поврзе речиси целиот град со патеки за велосипед.