Франција прогласи вонредна состојба, карантин во Париз и уште неколку градови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француската влада вечерва прогласи вонредна состојба, и со тоа давајќи им на властите да се стекнат со голема моќ да воведуваат стриктни мерки за спречување на коронавирусот.

Владата објави дека епидемијата е „катастрофа за јавното здравје“ која го загрозила здравјето на нацијата, и затоа се воведуваат мерки.

Не е соопштено какви мерки се воведени, но поради вонредната состојба, ќе бидат строги мерки.

Претседателот Емануел Макрон вечерва ќе се обрати на јавноста.

Во неколку градови е воведен полициски час од 21 до 06 часот. Тие градови се Париз и периферијата, потоа Марсеј, Лион, Монпеље, Лил и Тулуз.

Во земјата денеска се регистрирани нови 22.951 случај на коронавирус.