Француската влада од петок ќе започне со одобрување бескаматни кредити во износ до 50.000 евра за продавниците што биле ограбени или оштетени од вандали за време на протестите на 17 и 18 октомври, најави денеска министерот за економија, Ролан Лескир.
Како што пренесува францускиот весник „Фигаро“, кредитите ќе ги одобрува јавната инвестициска банка „Бпифранс“, а трговците кои сакаат да ја искористат оваа мерка ќе мора претходно да ја пријават претрпената штета кај својата осигурителна компанија.
Целта на мерката е на погодените компании што е можно побрзо да им се обезбедат финансиски средства за санирање на штетите и продолжување на деловните
