Франција забележа 761 жртва од коронавирусот во изминатите 24 часа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Франција бројот на починати во изминатите 24 часа се искачи за 761 случај, или вкупно 18.681 починати лица, што е на 4. место по бројката на починати во Светот.

Бројот на луѓе кои починале во болницата, паднал трет ден по ред.

Директорот на француското министерство за здравтво, истакна дека превземените мерки и препораки дале резултат, е фактот што бројот на заболени на интензивна нега паѓа деветти ден по ред и сега изнесува 6.027, што е најмала бројка од 1. април, пренесува Ројтерс.

Вкупниот број на починати претставува зголемување на смртноста за 4,2 % во текот на изминатите 24 часа.