Француски државјанин починал на Клиниката за кардиохирургија, телото е дадено на обдукција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француски државјанин на 72-годишна возраст починал на Клиниката за кардиохирургија во Скопје, откако претходниот ден бил донесен во тешка здравствена состојба. Случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје на 29 октомври.

Според информациите од полицијата, починатиот престојувал во хостел на подрачјето на општина Бутел. На 29 октомври, во 10:04 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека 72-годишниот француски државјанин починал на Клиниката за кардиохирургија.

По насока на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина. Причините за смртта треба да бидат утврдени со обдукцискиот наод.