Француски предлог за тргање на ветото, Пендаровски: Го немаме добиено францускиот предлог

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Предлогот на Франција за укинување на ветото на Македонија за почеток на преговорите со Европската унија ќе биде доставено до сите земји членки. Вчера бугарскиот претседател Кирил Петков пак, најавил дека тој предлог веднаш ќе го достави до Народното собрание на Бугарија. Македонскиот претседател Стево Пендаровски на заедничката прес конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на форумот Преспа во Охрид, рече дека се работи за преговори кои земјите членки на Унијата ги прават меѓу себе пред Самитот.

„Француски предлог има или нема тоа е интерна работа на Европската унија затоа што станува збор во овој момент од аспект на Европската унија за преговори кои тие ги работат и ги прават меѓу себе, во функција на подготовка на заклучоците за 23 Самитот, кој Франција бидејќи е ротирачки претседавач овие 6 месеци е должна да ги поднесе на усогласување кај сите земји членки. Значи ние во Скопје, тука немаме видено француски предлог“, рече Пендаровски.


Министерот за надворешни работи Бујар Османи не сакаше да го коментира францускиот предлог рече дека откако ќе биде доставен до земјите членки. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел не говореше конкретно за францускиот предлог но рече дека Македонија и Албанија треба што поскоро да ги почнат преговорите со Европската унија.

„Сакаме да го одблокираме процесот за Северна Македонија и за Албанија. Добро сум информиран за тешкотиите со кои се соочува Северна Македонија последниот месец. Кога ќе биде состанокот на Советот не сум 100 посто сигурен што ќе се случи, но сум 100 посто сигурен ќе направиме овој состанок да биде од особена важност и да бидат преземени одлучувачки чекори во вистински правец“, рече Шарл Мишел.


Неофицијално бугарските медиуми пренесуваат дека Петков рекол дека е детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова. Наводно тој извјавил дека денеска францускиот предлог официјално ќе биде испратен до сите земји членки на Европската унија, а дека тој лично ќе го испрати во парламентот. Лично зад мене стојат Емануел Макрон и Олаф Шолц. Ќе го прифатиме, после тоа паѓаме и продолжуваме понатаму ги цитираат бугарските медиуми неофицијално, зборовите на Петков.

Тој вчера на самиот почеток на состанокот на Министерскиот совет го прочитал неговото барање, кое било веднаш прифатено, а кое предвидува предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисијата за надворешна политика.