Францускиот предлог стигна во Собранието – ќе се достави до пратениците, се очекува Џафери да свика седница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Собранието информираат дека од Владата на Република Северна Македонија е доставена “Информација за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година”.

„Согласно процедурите, материјалот ќе се достави до пратениците и за понатамошно постапување, соодветно и навремено ќе бидете информирани.

Имајќи ги во предвид шпекулациите, Ве информираме дека за вечерва не е планирана седница. Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информирани“, велат од Собрание.