Фрлена бомба кон ресторан во тетовско, повредени двајца гости

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од с.Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото.

Од експлозијата е предизвикана материјална штета, а со повреди се здобиле Е.А.(57) од с.Чифлик, тетовско и Г.Ф.(60) од с.Добарце, кои биле во кругот на ресторанот.

Повредените веднаш биле префрлени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол.

За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово.

Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.