ФУДБАЛ: Шкупи и Академија Пандев останаа без тренери по одиграното 21. коло

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фудбалските клубови Академија Пандев и Шкупи, останаа без своите тренери Југослав Тренчовски, односно Ќатип Османи по одиграното 21. коло изминатиот викенд.

Академија Пандев одигра нерешено 0:0 со Борец на домашен терен, и веднаш по мечот Тренчовски поднесе оставка која беше прифатена.

Ќатип Османи, пак, денеска се раздели со раководството на Шкупи, откако двете страни се договорија да ја прекинат соработката. Османи дојде на почетокот на сезоната, заменувајќи го Умит Каран на клупата на чаирскиот тим.