За 40-тина минути македонската фудбалска репрезентација ќе полета од Грузија за Македонија. Но поради густата магла во Скопје, се уште не се знае официјално на кој аеродром ќе слета.
Летот трае 2 и пол часа, а доколку авионот сепак успее да слета на скопскиот аеродром, тоа би значело дека македонските хероите пред полноќ би биле во Скопје.
Според наши информации, сепак тоа ќе биде аеродромот во Приштина, а потоа со организиран превоз до Скопје.
Засега нема официјани информации за евентуална најава за пречек на репрезентацијата.
Државниот врв вечерва по натпреварот упатија честитки до репрезетнацијата, а министерот за здравство Венко Филипче апелира да се почитуваат мерките.
