Фудбалската репрезентација во Букурешт против Романија вечерва ги почнува квалификациите за Мундијалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва од 20:45 часот, македонскиот фудбалски национален тим игра против Романија во Букурешт, со што официјално ги почнува квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година.

Овие натпревари ќе бидат како еден вид предигра за она што следува, а тоа е Европското првенство. Токму на стадионот во Букурешт играме два меча на ЕП против Австрија и Украина.

Селекторот Игор Ангеловски вчера на прес-конференција истакна дека очекува фудбалерите да ги исполнат задачите и да се дојде до добар резултат.

„Ја респектираме селекцијата на Романија. Има многу млади играчи. Игравме во изминатиот период големи натпревари, со силни репрезентации и добро се носевме, па не гледам причина зошто да не биде така и сега“, рече Ангеловски.

Покрај Романија, во групата со нашата селекција се уште и Германија, Исланд, Лихтенштајн и Ерменија.

Натпреварот се игра вечерва од 20:45. После Романија, Македонија ќе игра со Лихтенштајн дома, па потоа оди на Германија во Дуизбург.