Неколкумина функционери последниве денови најдоа време да излезат и да чистат улици. Од градоначалници до вицепремиери се фотографираа со машинеријата на Комунална хигина. Последен беше Артан Груби кој го чистеше дворот на џамијата во Чаршија.
Груби зеде и црево за да чисти.
Го прашавме директорот кој ќе биде следниот функционер кој ќе ги чисти улиците? Тој не кажа, туку само истакна дека ова се прави заради подигање на свеста кај граѓаните за чување на животната средина.
„Ние како претпријатие бевме отворени за соработка со секоја институција. Нашиот апел секогаш бил да ја подигаме свеста, бидејќи за жал имаме се уште места кои се претвораат во депонии, појавувањето на функционери и верски заедници значи дека сите треба да се грижиме за животната околина“, рече директорот на КХС, Абдусамет Шабани.
А на прашањето дали ова се прави само за време на празници и пред избори, одговори нешто друго.
„Врз основа на оперативниот план на Комунална хигиена, што се усвојува секоја година, потоа поминува и во Совет на Град Скопје. За периодот од март до декември, само за зимската сезона, не, во текот на целиот овој период миењето улици е приоритет“, додаде Шабани.
ЈП Комунална хигиена – Скопје реализираше активности за рачно миење но и миење со машинерија на најголемите исламски верски објекти на територија на Град Скопје. Со употреба а три автоцистерни и едно специјално возило ВАП, се испраа дворовите и блиската околина на џамиите. Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата Чаршија во Скопје, Јахја Паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Дуќанџик, џамијата Хусеин Шах во Сарај и други.
