Кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, денеска го доби мандатот од претседателот Румен Радев за формирање на влада.
„Јасно кажав дека последните девет месеци работев само за едно – заштита на интересите на Бугарија, таа повеќе од секогаш има потреба од стабилна влада. При предложувањето на составот на владата, пристапив со одговорност, која е моја одговорност пред бугарските граѓани, упатувам барање во исто време одговорноста да биде споделена, рече Габриел.
Меѓу предложените имиња за министри во новиот состав на кабинетот на Габриел го нема името на досегашниот министер за одбрана Тодор Тагарев, на чие место е предложен Христо Гаџев.
Габриел го соопшти нејзиниот предлог за состав на владата:
- Премиер и министер за надворешни работи – Марија Габриел
- Вицепремиер за европски прашања – Николај Денков
- Министер за финансии – Асен Василев
- Министер за внатрешни работи – Калин Стојанов
- Министер за регионален развој – Андреј Цеков
- Министер за труд – Иванка Шалапатова
- Министер за одбрана – Христо Гаџев
- Министер за правда – Атанас Славов
- Министер за образование – Галин Цоков
- Министер за здравство – Катја Панева
- Министер за култура – Крсто Крстев
- Министер за животна средина и води – Ивелина Василева
- Министер за земјоделство – Кирил Ватев
- Министер за транспорт – Георги Гвоздејков
- Министер за иновации и раст – Росен Желјазков
- Министер за економија – Богдан Богданов
- Министер за енергетика – Жечо Станков
- Министер за е-влада – Валентин Мундров
- Министерка за туризам – Зарица Динкова
- Министер за млади и спорт – Димитар Илиев
