Гаши донираше средства за три училишта во пресрет на новогодишните празници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во рамките на новогодишните празници, во име на Собранието, претседателот Африм Гаши, денеска, донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово.

„Оваа симболична акција е израз на нашата институционална посветеност кон децата кои заслужуваат континуирана поддршка и најдобри можни услови за развој и образование. “- рече Гаши.

Тој изрази надеж дека оваа донација ќе придонесе за подобрување на образовната средина и ќе донесе мотивација и надеж кај учениците и образовниот кадар.

По тој повод, на учениците, наставниците и родителите им беа упатени искрени честитки за среќни новогодишни празници.