Пожар во образовен центар во Индија: Загинаа најмалку 15 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 15 лица загинаа во голем пожар што избувна во образовен центар во градот Лакнау, во индиската сојузна држава Утар Прадеш.

Според првичните информации, огнената стихија брзо се проширила низ објектот, при што десетици луѓе биле заробени внатре. Снимките од местото на настанот покажуваат панични обиди на присутните да се спасат додека пламените јазици го зафаќале објектот.

Спасувачките екипи и пожарникарите веднаш интервенирале и продолжуваат со операциите за пребарување и извлекување на настраданите. Властите сè уште го утврдуваат точниот број на повредени и причините за избувнувањето на пожарот.