Гаши: И со сегашниот модел можеме да имаме претседател Албанец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 порача дека не се откажале од моделот следниот претседател да биде избран во Собранието и истиот да биде Албанец.

Тој додава дека Албанец претседател може да дојде во Вила Водно преку сегашниот модел, со избор на граѓаните.

Според него, доколку тој е човек кој ја сака државата и работи во интерес на граѓаните, за него би гласале и Македонците.

„За него можат да гласаат и Македонците“, рече Гаши, додавајќи дека дури и при избор во Собранието, гласањето би било со 2/3 мнозинство.