Гаши во Копенхаген: Ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламентите на ЕУ и земјите кандидати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе учествува на Конференцијата на претседателите на парламентите на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство, која ќе се одржи во Копенхаген, Данска, денес и утре.

Конференцијата претставува форум за размена на мислења, информации и искуства меѓу претседателите на националните парламенти на земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент, а на неа ќе учествуваат и претседателите на парламентите на земјите кандидати. Целта е промоција на улогата на парламентите, поддршка на нивната соработка и координација на меѓупарламентарните активности.

Според темите на агендата, состанокот во Копенхаген ќе овозможи отворени и конструктивни дискусии за прашања од клучно значење за сегашноста и иднината на Европа, односно безбедноста, проширувањето и улогата на парламентарната соработка, демократската отпорност во време на промени, хибридните закани и европската подготвеност.