Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски синоќа во „Клик Плус“ ја коментираше изјавата на Али Ахмети дека „Албанците треба да застанат рамо до рамо со Македонците“ за спорот со Бугарија. Георгиевски смета дека Албанците максимално коректно се однесуваат кон процесот, и дека министерот Османи коректно ја врши работата.
„Албанците коректно се држат во овој процес, и Бујар Османи перфектно ја води работата, иако го напаѓаат одредени медиуми. ДУИ се однесува максимално коректно кон овој процес“, вели Љубчо Георгиевски.
Коментирајќи ги случувањата со Бугарија, тој напомена една друга работа, уште еден парадокс на ветото на Бугарија.
„Кога ќе мерат нашиот источен сосед дали ќе ставаат вето, мислам дека досега превидоа една работа, ако мислат дека нивната кавга е против Македонците, како да заборавија дека во оваа Македонија има 50% други националности, вклучувајќи и Бугари. И тоа ќе значи дека ветото е одземање на перспективата не само на Македонците, туку и на етничките заедници, и затоа треба да ја преиспитаат одлуката“, додава Љубчо Георгиевски.
Владо Бучковски рече дека бил во Софија исто така самоиницијативно, и се видел со некои колеги од универзитетот, но не со луѓе од власта.
„Јас често сум во Софија во последните неколу години, имам професионални ангажмани во мојата универзитетска кариера, учествувам на неколку проекти, докторските студии, сум ментор на неколку кандидати, и моето присуство на почетокот на ноември и пред една недела, премиерто знаеше за мојата посета, јас споделив дел од оние видувања на влијателни луѓе кои го креираат јавното мислење. Ги следев настапите на Љубчо Георгиевски на БГНЕС, затоа избрав да не настапам таму, туку на други медиуми“, додава Владо Бучковски.
Во дебатниот магазин беше речено од поранешните премиери дека Бугарија во овие моменти треба да ја искористи подадената рака од страна на Заев, а ако има конструктивност добро е да има и лидерска средба.
