Герасимовски: Ако е вистина тоа што се зборува за УСЈЕ, загадувањето мора да се санкционира ригорозно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски со свој став околу цементарница Усје. Герасимовски кажа дека го поддржува протестот за Усје, и напомена дека ако вистина се покаже дека оваа фабрика загадува, санкционирањето мора да биде ригорозно.

„Целосно го поддржувам протестот за УСЈЕ. Ако е вистина тоа што се зборува, загадувањето мора да се санкционира ригорозно.

Како потпретседател на ЗЕЛС, очекувам Градот да изработи јасен план со сите 10 скопски општини за намалување на аерозагадувањето. До средината на следната недела ќе одржиме состанок во рамки на ЗЕЛС, каде ова ќе биде приоритет.

Потребни се мерки во однос на јавниот превоз, при екстремно загадување да се воведе системот „пар-непар“, строги инспекциски контроли за домаќинствата што користат штетни горива и редовен надзор кај најголемите загадувачи.

Општина Центар нема индустриска зона, но загадувањето нè засега сите подеднакво.“, напиша Герасимовски.