Норвешка, Франција и Мексико се пласираа во 1/8 финале на Мундијалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекциите на Норвешка, Франција и Мексико се пласираа во 1/8 финалето на Светското првенство, откако победија во регуларните делови на натпреварите против Брегот на Слоновата Коска, Шведска и против Еквадор.

Норвежаните победија со 2-1, со гол во 86. минута на гол-машината Ерлинг Халанд, откако претходно беше 1-1 со головите на Нуса за Норвешка, и Диало на Брегот на Слоновата Коска.

Французите демонстрира сила и со 3-0 ја прегазија Шведска, а резултатот можеше да биде и поубедлив. Дв гола постигна Мбапе, додека еден даде Баркола.

Мексико со два гола за девет минути со 2-0 го совлада Еквадор. Кинонез и Хименез беа стрелци на головите во 22-рата, односно 31-вата минута.

Вечерва во 18 часот играат Англија против Конго, додека во 22 часот Белгија ќе се судри со Сенегал.

Франција во 1/8 финалето ќе се сретне со Парагвај, а Норвешка ќе игра со Бразил. Мексико во 1/8 финалето ќе игра со подобриот од дуелот Англија и Конго.